Производител на душеци им нуди по 3000 долари на паровите што ќе ги истестираат производите со секс – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 10:10 PM

Производител на душеци им нуди по 3000 долари на паровите што ќе ги истестираат производите со секс

Компанијата Sleep Standards која се занимава со производство на душеци, сака да тестира колку се тие всушност добри, но не само за спиење. Поради тоа, фирмата им нуди по три илјади долари на паровите кои ќе учествуваат во тестирањето. Потребно е тие да имаат секс на пет различни душеци, а потоа да го изберат најдобриот.

-Секоја недела ќе ви праќаме нов душек и се’ што ќе треба да направите е да ни дадете искрени критики за тоа колку тој душек е добар за секс. Така е, ќе можете да бидете платени за она што го правите во своето секојдневие, ќе добиете пари за секс – стои во огласот на компанијата, а пренесува Muški magazin.

-Сите знаеме дека лошиот душек може да создаде проблеми во креветот, додека добриот може да направи чудо! За да им заштедиме проблеми на луѓето кои трагаат по удобен душек, го смисливме овој есперимент. Нашата цел е да го пронајдеме најдобриот душек за секс и потребна ни е вашата помош – наведува производителот.

Очекувано, на огласот се јавиле огромен број парови, а од компанијата изјавиле дека случајно ќе одберат  пет двојки кои ќе добијат прилика да ги тестираат душеците, а со тоа и да заработат.

 

Извор:  nova.rs