Што кога сексуалното задоволство ќе „излезе од колосек“: Како изгледа алергијата на секс? – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 9:47 PM

Што кога сексуалното задоволство ќе „излезе од колосек“: Како изгледа алергијата на секс?

Луѓето денес може да бидат алергични на што било, па дури и на секс. Студија поврзана со оваа тема, а објавена во списанието Urology Case Reports детално го пренесува застрашувачкото искуство на дваесет и петгодишен маж, кој последиците од оргазмот ги чувствувал неколку недели после сексот.

Достигнувањето на врвот на сексуалното задоволство често е придружено со потење, можеби губење на здивот, па и мала вртоглавица.

Меѓутоа, оние кои го имаат синдромот на таканаречената посторгазмичка болест (POIS) не знаат какво е тоа чувство. За нив сексот е поврзан со огромна анксиозност, слабост, исцрпеност, намалена концентрација и раздразливост – пишува Men’s Health повикувајќи се на споменатата студија. Таа е базирана на искуството на еден дваесет и петгодишник кој уште од пубертетските денови „мака мачел“ со оваа невообичаена состојба, а симптомите траеле и до две недели после сексот.

Откако истражувал на интернет, сфатил дека постојат повеќе слични медицински случаи на неговиот. При тоа, тој заклучил дека има дефицит на тестостерон, па сега успешно се лекува со хормонска терапија.

Инаку, во студијата се наведува дека бројот на заболени од POIS е непознат и тешко е да се утврди, бидејќи веројатно заболените нема да се обратат за лекарска помош. Од друга страна, повеќето лекари не знаат дека ваков синдром постои, а не ни има специјален лек за него.

 

Извор:  nova.rs