Токсични навики зад превезот на совршена врска: Што се’ ја уништува љубовта? – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 8:51 PM

Токсични навики зад превезот на совршена врска: Што се’ ја уништува љубовта?

Некои работи за кои сметаме дека се нормални и здрави за односот со некоја личност, всушност се токсични. Токму тие работи наместо да ја зајакнат врската, може неповратно да ја уништат. Терапевтот, Марк Менсон вели дека токсичните навики во врските, на прв поглед не делуваат така, па затоа често сме несвесни за штетата што се прави со нив.

Терапевтот објави и листа на шесте најчести токсични навики:

Список на сите грешки на партнерот
Ако и понатаму го обвинувате партнерот за грешките што ги направил во минатото, вие не живеете во сегашноста и не се занимавате со проблемите кои се јавуваат сега. Сите тие неправди се собираат и водат кон „битка“, а тоа е исто како во вас да собирате болка што подоцна ќе ја искористите против партнерот, а сето ова носи лоша енергија поради која врската тешко ќе се опорави. Решавајте ги проблемите веднаш штом ќе се појават, односно одвоено, освен ако не се природно поврзани (на пример, повеќе неверства од страна на партнерот).

Очекување дека личноста со која сте во врска ќе ги чита вашите мисли
Ако вие или вашиот партнер одбивате да кажете што точно сакате и очекувате, тоа не само што е глупо, туку веќе е и бесмислено. Особено е лошо ако планирате да направите некаков тест, со кој ќе претпоставите дека ако партнерот вистински ве сака ќе мора да направи нешто што сте намислиле. Доколку сте тажни, а не му кажете отворено на партнерот како се чувствувате, вие би можеле да направите многу нешта кои него ќе го „полудат“, а вие ќе се чувствувате добро. Меѓутоа, таквото однесување покажува дека не комуницирате отворено и искрено еден со друг. Паровите мора да разговараат отворено за своите чувства и желби.

Се’ надоместувате со купување подароци
Кога ќе дојде до судир, наместо решавање на проблемите, едниот или двајцата партнери ќе купат нешто скапо или ќе резервираат патување, па така ќе го прикријат проблемот. Сепак, факт е дека и покрај ова проблемот нема да исчезне. Напротив, тој ќе се врати по извесно време и тогаш кога повторно ќе се појави, ќе треба да го решите.

Се однесувате како лудо љубоморна личност
Постои верување дека кога личноста е љубоморна, таа навистина ја покажува својата љубов. Интензивното љубоморно однесување создава непотребни драми, а може и да ја загрози довербата. Малку љубомора е во ред, но не и претераната. Довербата е клучна за долгорочно функционирање на врската.

Го обвинувате партнерот за вашите чувства
Доколку сте имале лош ден на работа, а партнерот е премногу внесен во своите проблеми за да ви ја даде потребната поддршка, не напаѓајте го. Да го обвинувате партнерот за тоа како вие се чувствувате е себично и е пример дека не ги почитувате неговите лични граници.

Емоционално уценување
Емоционалните уцени се случуваат кога една личност има проблем и ја уценува другата заканувајќи и се. На пример, наместо да каже: „се чувствував игнорирано на забавата“, тој вели: „не можам да бидам со некој кој не мисли дека не сум забавен во друштвото“. Ако секоја ваша дискусија води кон закана или најава за раскинување, тоа е голем проблем.

 

Извор: nova.rs