Во Унгарија се забранува истополови двојки да посвојуваат деца – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 5:18 PM

Во Унгарија се забранува истополови двојки да посвојуваат деца

 

Парламентот на Унгарија, во кој Фидес, партијата на премиерот Виктор Орбан, има двотретинско мнозинство, усвои закон со кој практично се забранува истополови двојки да посвојуваат деца.

Во законот, предложен од Владата на Орбан, се вели дека само брачните двојки можат да посвојуваат деца, а слободните само со посебна дозвола на министерот за семејство, пренесуваат агенциите.

Унгарскиот парламент, исто така, го измени уставот, кој сега го дефинира семејството како заедница на татко – маж, и мајка – жена.

Унгарија не дозволува хомосексуални бракови. Хомосексуалците досега можеа да посвојуваат деца ако некој од партнерите се пријави да ги посвои децата како самец.