Во текот на идната седмица ќе биде продадена луксузната лимузина во која се возеше поранешниот црногорски премиер Душко Марковиќ, а до Нова година треба да биде продадена и лимузината на Мило Ѓукановиќ, објави „Блиц“.
Марковиќ и Ѓукановиќ се возеа со „мерцедес-мајбах“ за време на владеењето на ДПС. Според извор од Владата на Црна Гора, се предвидува двата луксузни автомобила да се продаваат на странска онлајн-аукција со цел да се постигне највисока можна цена.
Луксузниот„ мерцедес“ на Марковиќ, иако е ист тип на автомобил, е сепак во сенка на „мерцедесот“ на Мило во последните две години. Според проценките, за секој од овие два автомобила, при набавката, со дополнителна опрема, биле платени по околу еден милион евра.