Од недела, влез во Србија само со негативен тест за на ковид 19, од Нова Година, поскапува тестирање на лично барање – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 4:24 PM

Од недела, влез во Србија само со негативен тест за на ковид 19, од Нова Година, поскапува тестирање на лично барање

„Влезот во Србија ќе биде дозволен само со негативен ПЦР тест , не постар од 48 часа. Граѓаните на Република Србија кои немаат негативен ПЦР тест ќе мора да бидат во домашна изолација 10 дена. Тие можат да бидат тестирани и во Србија, и ако нивниот ПЦР-тест е негативен,  повеќе нема да бидат обврзани да бидат во домашна изолација “, се вели во соопштението на Владата на Р.Србија.

Од денес, цената на тестирање по лично барање за странски државјани е 18.000 динари, додека за граѓаните на Република Србија, цената нема да се промени до крајот на годината и изнесува 6.000 динари. Од 1 јануари 2021 година, цената на тестирањето по лично барање за домашните граѓани ќе изнесува 9000 динари, објави Владата.

Владата на Србија апелира до сите граѓани кои сакаат да бидат тестирани по лично барање да закажат тестирање исклучиво електронски.

„Во согласност со зголемениот број на лични тестирања, што се очекува во наредните недели, електронското закажување е драгоцено помагало, со цел да се избегнат гужви и редици пред амбулантите на Ковид и да се спречи ризикот од потенцијална инфекција на граѓаните“, се вели во соопштението.

foto-vesti.rs