Шеќерна депилација во домашни услови (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/18 11:50 AM

Шеќерна депилација во домашни услови (Видео)

Нежна за кожата, предизвикувајќи помалку болка и иритација на кожата од депилацијата со обичен восок, шеќерната депилација претставува стар природен метод за остранувањена несаканите влакненца по телото.

Шеќерната смеса е целосно природна и не содржи какви било хемикалии и токму тоа е нејзината најголема предност.

При овој тип депилација, влакната се повлекуваат директно од коренот, па при повторното растење се потенки и помеки. Бидејќи влакната се отстрануваат во насока на нивното растење, се редуцира ризикот од нивно кинење и се намалува бројот на поткожни влакна.

Брзо можете да ги отстраните сите остатоци од смесата по кожата или облеката, затоа што е лесно растворлива во вода.

Депилацијата со шеќерна смеса е побезболна од депилацијата со восок.

Евтина е, можете да ја практикувате во домашни услови. Откако ќе го совладате правењето на смесата, депилацијата е особено брза. Доколку сакате да се издепилирате со шеќерна паста во домашни услови  потребни ви се три состојки – 8 лажици шеќер, 3 лажици лимонов сок и 3 лажици вода.

Начин на подготовка:

  • Ставете ги состојките во сад на појак оган околу 5 минути. Често мешајте.
  • После 3 минути намалете ја малку температурата на шпоретот. Готово е кога смесата ќе биде густа како мед.
  • Претурете во сад каде ќе ја мешате пастата додека не се разлади, односно стане млака.
  • Смесата ја нанесувате на местото кое сакате да го депилирате во контра правец од растот на влакната.
  • Почекајте малку и извадете ја смесата, но овој пат во правец во кој растат влакната.

Недостатоци на депилацијата со шеќерна паста

Многу е тешко да се приготви смесата, т.е. да се постигне вистинската густина.

При повлекувањето на пастата може да дојде до тегнење на кожата што би можело да резултира со појава на модринки.

Може да направите вистински неред. Сепак, што и да извалкате, лесно ќе се исчисти само со вода.