Жена насилно им зела обетки од уши на две дечиња, додека си играле дома во двор – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 12:21 PM

Жена насилно им зела обетки од уши на две дечиња, додека си играле дома во двор

Приведена е жителка на Марена поради насилно одземање на златни обетки од ушите на две деца во Кавадарци. Информацијата за МИА денеска ја потврдија од МВР.

-Вчера во 15.20 часот во Полициска станица Кавадарци, кавадарчанецот С. С (24) пријавил, дека, додека неговите две деца си играле во дворот од куќата, од страна на А. Ш од село Марена, насилно им биле одземени златни обетки од ушите, по што таа го напуштила местото на настанот. По преземени мерки, лицето е лишено од слобода, појаснија од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител од Кавадарци. Од МВР рекоа дека по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.