Полицијата расчисти десет тешки кражби кои во станови и куќи кои минатиот месец беа регистрирани во гостиварскиот регион.
Од СВР Тетово информираат дека осомничени и кривично пријавени дека извршиле пет тешки кражби во станови во Гостивар се Х.М.(21), Л.М.(21) од Форино и М.С.(24) од Чегране.Тројцата се сомничат дека од средината на октомври до крајот на ноември годинава, насилно провалувале во станови, кршејќи ги бравите од влезните врати и одземале пари, златен накит и часовници.
Осомничен и кривично пријавен е и Ф.Р.(48) од гостиварско Речане, поради основи на сомнение дека во август и септември оваа година, со употреба на сила, исвршил пет тешки кражби во куќи во Гостивар и селата Здуње, Вруток и Речане, при што одземал разновидни предмети. Украдените предмети подоцна тој им ги продавал на други лица.
з. г. м.