(ВИДЕО) Чех се врати помеѓу стативите за Челзи, Дринквотер влезе во клинч со 16-годишно момче на Тотенхем – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 11:30 AM

(ВИДЕО) Чех се врати помеѓу стативите за Челзи, Дринквотер влезе во клинч со 16-годишно момче на Тотенхем

Десеттото коло од Премиер Лига 2, односно лигата каде што играат играчи до 23 години и служи за развој на своите таленти на големите клубови, вообичаено не би ја засегало фудбалската јавност. Но вчерашниот натпревар помеѓу Челзи и Тотенхем беше во центарот на вниманието поради еден човек кој пред две години се пензионираше од активното и професионално играње фудбал.

Легендата на Челзи, а сегашен технички директор, Петр Чех, се врати помеѓу стативите. И успеа да му донесе победа после пресврт на Челзи У23 против ривалот Тотенхем. Триесет и осумгодишниот Чех изненадувачки есенва се најде на поширокиот список од 25 фудбалери на Френк Лампард за кампањата во Лигата на Шампионите, како голман кој би можел да ги замени Менди, Кепа и Кабалеро доколку ситуацијата налага така.

Стартот на дуелот за Чех не беше нималку сјаен. Неговата грешка во третата минута му обезбеди рано водство на Тотенхем, а во 17-тата минута гостите го удвоија водството и на полувреме заминаа со 0:2.

Сепак, победничкиот менталитет на еден од најдобрите голмани во историјата се одрази и врз неговите далеку помлади колеги кои направија камбек и го добија мечот со резултат 3:2.

Во екипата на Челзи У23, покрај Петр Чех се најде и еден „отпадник“ и поранешен шампион со екипата на Лестер. Иронично, нели? Дени Дринковтер, засилувањето во последните моменти од летниот трансфер период за Антонио Конте, никако не успеа да се вклопи со „сините“. Проблемите во и надвор од теренот, кариерата на англискиот играч од срединаа на теренот ја однесоа во еден сосема друг, непосакуван правец.

Дринковотер доби шанса на вчерашниот дуел и се посрамоти пред очите на целиот свет. Шеснаесетгодишниот Алфи Девај остро стартуваше над него, по што некогашниот младинец на Манчестер Јунајтед реагираше неспортски и „му врати со иста мера“. Судијата ги исклучи и двајцата фудбалери.

 

Во Премиер Лига 2, оваа победа го одведе Челзи на првата позиција на табелата.

 

 

 

Фото:

telegraph.co.uk