Прекрасното видео со божиќно украсените улици на италијанскиот бисер Милано, што се споделеува деновиве на социјалните мрежи, е само едната страна на градот. Онаа друга страна на градот е со тнр.„новосиромашни“ кои стојат во долгата колона за храна пред народна кујна
Илјадници луѓе во Италија, кои беа погодени од кризата со коронавирусот се наоѓаат во финансиски очај предизвикан, од новиот коронавирус, што особено се продлабочи сега, пред Божиќ.
„Во ова време на пандемија, бројките на луѓе кои бараат храна во народните кујни се зголемија. Веруваме дека колку подолго ќе продолжи кризата, толку поголеми ќе бидат бројките“, вели Луиџи Роси, потпретседател на добротворната организација „Пан Котидиано“.
Дури и во просперитетниот Милано, кризата е длабока, бидејќи големи делови од економијата ги прекинаа своите активности.
„Има многу како мене. Ние сме новосиромашните“, вели Алберто (66), кој е еден од луѓето кои чекаат во долгата редица.
66-годишникот останал без работа по налетот на корона кризата и во последните шест месеци прежувава од вакви центри за помош.
„Морам да продолжам да ја плаќам киријата, морам да купувам храна, дури иако мојата партнерка сè уште работи. Само ќиријата е 600 евра месечно”, сведочи Алберто.
Центарот за помош „Пане Котидиано“, кој работи во Милано повеќе од еден век, е отворен 7 дена во неделата, од 9 до 23 часот. Луѓето кои имаат потреба, можат да се обезбедат со храна, леб, млеко и други продукти.
e-daily.gr