Сонце, лето, плажа – сето ова звучи убаво, но доколку сакате да си приуштите целосно летно уживање треба да ги умате на ум и негативните последици од прекумерното изложување на сончевите зраци проследени со високи температури.
Во текот на летото потребно е особено внимание да посветите на негата на вашата коса, која во овој период од годината е под дополнителен ризик од сушење и пукање, па според тоа морате да и’ дадете дополнителна грижа.
Влажните влакна се многу чувствителни на УВ зрачењето бидејќи тврдиот кератин при навлажнувањето станува мек и влакното е растегливо и подложно на оштетувања.
Нахранете ја косата
Препаратите за заштита на косата во овие денови мора да создаваат тенка навлака врз влакното на косата, кој не ја мрси косата, не ја оштетува, а притоа е незабележлив. Постојат повеќе стандардизирани фактори за заштита на косата, кои ги има во препаратите со Hair protection factor – HPF. Тоа се најчесто регенератори, маски за коса и слично, кои се плакнат по миењето на косата. Но тука спаѓаат и гелови, креми, лакови за коса и спрејови, кои подолго остануваат на косата и дополнително ја штитат.
Заборавете на преса за коса
Заборавете на пресата во летните месеци. Пуштете ја косата да се одмори. Летото е барем флексибилно кога е во прашање фризурата. Напревете плетенки, пунџи или пуштете ја во нејзината природна форма.
Исплакнете ја солта
Веднаш по бањањето во море, исплакнете ја косата во чиста вода, немојте да ја шампонирате после секое бањање. Сепак немојте да оставате солта преку ноќта да ги нагризува влакната и да суши косата.
Заштитете ја косата со шешир
Заштитете ја косата со шешир кога сте на плажа. На овој начин ќе го заштитите и лицето од штетните влијанија на сонцето.
По летното уживање- Шишање
После уживањето на море, колку и да сте се грижеле за својата коса, таа нема да помине потполно неоштетено. Па според тоа вашиот фризер нека се погрижи за отстранување на испуканите врвови од вашата коса.Редовното шишање преставува најважен чекор во грижата за вашата коса.