Не проверувајте ги поранешните на социјалните мрежи: Како полесно да го преболите раскинувањето – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/20 11:01 PM

Не проверувајте ги поранешните на социјалните мрежи: Како полесно да го преболите раскинувањето

Нема начин за да се „разубави“ фактот дека се разделувате со некој што некогаш сте го сакале и дека секој од вас тргнува по свој пат. Сепак, начинот на кој ќе ја доживеете болката поради разделбата зависи од вас – објаснува за Индепендент, психологот Ги Винч,  откривајќи ги најчестите митови поврзани со љубовната болка.

Винч објаснува дека раскинувањето може да не’ погоди многу потешко одошто сме свесни. Студиите покажале дека отфрлањето на романтичната љубов во смисла на прекин на врската создава во мозокот исти механизми како и кај зависниците што се трудат да се ослободат од кокаин или каков било друг опијат. Со други зборови, значи дека љубовта предизвикува завивност, а скршеното срце апститенцијална криза.

Овде лежи и причината поради која некои луѓе се опседнуваат со своите поранешни партнери до таа мера да чувствуваат за нив „жед“ бидејќи очајно им недостасуваат. Исто така, тоа може да биде и причина зошто понекогаш ни е тешко да запознаеме некој друг. Ги идеализираме поранешните уверувајќи се себе дека нашата романтична визија за нив е точна, иако всушност не е.

Во моментот на раскинување, врската е формално завршена. Меѓутоа, оставената страна тоа допрва го осознава и ја проживува почетната фаза натага. Луѓето често се запрепастени што партнерот кој ги сакал, сега раскинува со нив – тврди Винч.

Совети

Кога се работи за лечењето на скршеното срце, тука постои замка во која луѓето паѓаат. Винч нуди шест совети за тоа како да ги избегнете и за кратко време да се опоравите.

  1. Никогаш не проверувајте ги поранешните на социјалните мрежи. Токму поради ова почесто ќе мислите на поранешниот партнер и со тоа потешко ќе им дојде крајот на фантазиите за вас двајца.

  1. Не правете мистерии и теории за тоа, зошто дошло до прекин на врската. Прифатете го секое објаснување кое одговара на фактите и кое ви носи поголема самодоверба.
  2. Направете попис на сите компромиси што сте морале да ги направите во врската, но не би ги направиле следен пат.
  3. Правете ги работите кои некогаш ви носеле радост, дури и ако сега не ви се чинат толку интересни и пријатни. Бидете свесни дека животот продолжува.
  4. Отстранете ги сите работи што ве потсетуваат на врската што ви донела болка (пораки, фотографии и слично).
  5. Обратете им се на вашите пријатели и максимално искористете ја нивната поддршка.

 

Извор: informer.rs