Наспијте се добро: Недоволниот сон лошо влијае на целокупното здравје – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/20 9:42 PM

Наспијте се добро: Недоволниот сон лошо влијае на целокупното здравје

Квалитетниот сон е важен за здравјето, но што му се случува на телото кога не сте наспани? Тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Полесно ќе се разболите

Недостигот на сон влијае на имунолошкиот систем и на способноста на организмот да се бори против вирусите и бактериите. Доколку не спиете доволно освен што ќе се разболите полесно, многу потешко ќе се опоравите.

Негативно влијае на здравјето на срцето

Ако спиете помалку од пет часа дневно, тоа може негативно да се одрази на здравјето на вашето срце. Исто така, поради долгорочните проблеми со несоницата може да се зголеми и ризиокот од кардиоваскуларни болести.

Влијае на меморијата

Истражувањата покажале дека спиењето ги зајакнува нервните врски што го контролираат памтењето. Освен тоа, недостигот на сон лошо влијае на целокупната работа на мозокот, осдносно на вашите вештини за решавање на проблемите, а го нарушува и конструктивното размислување и носењето логики заклучоци.

Го намалува либидото

Истражувањата покажале дека доколку спиете помалку од седум часа дневно, хормоните задолжени за сексуалната желба се намалуваат за 10до 15 проценти.

Дебелеење

Студиите потврдиле дека оние што спијат помалку од пет часа дневно полесно се дебелеат, а со самото тоа се зголемуваат шансите да станат гојазни.

Депресија

Постои поврзаност помеѓу инсомнијата и депресијата. Ако спиете помалку од шест часа дневно, тоа многу брзо ќе се одрази на вашето расположение, па дури и ќе го зголеми проблемот со депресијата.

 

Извор: pink.rs