Нема правна држава, судиите се штитат меѓу себе- Наташа Димитриевска од Тетово разочарана од одговорот на Советот на ЈО за сообраќајката кај млечен ресторан – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/20 6:54 PM

Нема правна држава, судиите се штитат меѓу себе- Наташа Димитриевска од Тетово разочарана од одговорот на Советот на ЈО за сообраќајката кај млечен ресторан

Вишото јавно обвинителство не гледа пропусти на јавниот обвинител кој го водеше предметот за делото сообраќајна насреќа кај млечниот ресторан во Скопје, во која пред две години загина сопругот на Наташа Димитриевска од Тетово, а таа се здоби со тешки телесни повреди и го изгуби плодот. Судскиот процес заврши со условна казна за обвинетиот, на што Димитриевска виде голем број пропусти на јавниот обвинител кој го водеше предметот.  Таа денеска од Советот на јавни обвинители, доби писмено известување дека јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство постапил согласно законските предмети во однос на судскиот процес за делото кај млечен ресторан пред две години.

-Наместо казни за направените пропусти, повисоките обвинителства им подаваат рака на нивните колеги и не гледаат никакви грешки во нивната работа. Како може да има известување дека обвинителката постапила согласно закон кога се пробиени законските рокови за поднесување на обвинение, кога не се побарува за гонење на второ кривично дело за одземање на возачка.Како се смета обвинението за исполнето, а нема доставен доказ за мојата бременост и губењето на плодот. Таа исто така греши со записникот од СВР, во кој стоеше дека мојот сопруг вози нерегистриран мотор, а тој ги имаше сите документи. Значи најлошо е што со обвинението не беше земено во предвид изгубата на мојот плод, односно за тоа немаше никакво гонење. Познавам за вакви слични случаи обвинители се казнуваат и им се кратат плати, истакна Димитриевска.

Наташа известувањето го доби пред да излезе од болница по направената хируршка интервенија на нејзината нога. Вели дека е изненадена од ваквата одлука, која е доволен доказ дека во државата нема правда и криминалот слободно цвета.

-Сега излегувам од втора операција. Сега секој си седи во својот топол дом без грижа на совест и порачуваат дека криминалот може што сака да прави во државата, тој е слободен, секој ќе најде врска и ќе му помогне на некого, а тој некој ќе добие условна казна, изјави Наташа Димитриевска.

Што понатаму ќе преземе не знае. Се надавела на позитивна одлука од повисоките судски инстанци, но и таму разочарување.Во сообраќајката кај млечен ресторан пред две години обивнитетиот доби само условна казна.