Повеќе од илјада извидници од Македонија и 15 други држави ќе бидат дел од 12. Македонска извидничка смотра што од денеска до недела ќе се одржува во атарот на селото Скребатно кај Охрид.
Учесниците на смотрата годинава ќе ги разработуваат и надградуваат своите вештини на шест локации, во рамки на стотина работилници поделени во четири основни области – извиднички вештини, природа и авантура, забава и предизвици, култура и традиција.
И годинава е најавено формирање на SDG (Sustainable Development Goals) селото, каде извидниците ќе се запознаат со целите за одржлив развој и ќе учат на кој начин и како можат да придонесат за создавање на подобар, поздрав и поодржлив свет за сите.
Првата извидничка смотра во Македонија се одржа во 1958 година на езерото Младост кај Велес.