„Коки, имаш 48 часа да се извиниш, друже – во спротивно тврдењето ќе треба да го докажеш пред суд“ – вака му напиша пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на неговиот колега Костадин Костадинов, пратеник на портпарол на СДСМ.
Реакцијата се однесува, на како што пишува Апасиев, тврдењето на Костаднов дека станот во Скопје му го купил ВМРО ДПМНЕ.
„Денес, од портпаролот на СДС на Нашата Земја – Костадин Костадинов, кој е и мој колега во Собранието на РМ, побарав повлекување на клеветничката изјава дека наводно ВМРО-ДПМНЕ ми го купил станот, пишува Апасиев и во прилог објавува Барање за јавно извинување и повлекување клеветничка изјава (со вонсудска Опомена пред тужба).
На ова одговори Костадинов:
„Денес, после барањето од колегата Димче Апасиев да му се извинам, сакам да му препорачам малку да излезе на воздух и да се прошета.
пс.Димче нема да биде лошо да почнеш да доаѓаш на работа во Парламент, за што всушност земаш плата“, напиша Костадинов.