Замислата за тоа што е секси и привлечно помеѓу двајца партнери очигледно се менува кога ќе стапите во брак.
Такво барем е искуството на Кори Питерс кој сфатил дека во брак се менуваат улогите, па партнерката можеш да ја шармираш не само со добар изглед, туку и со чистење.
„Не е сѐ во секси позите, ниту пак во фотографиите со „фенси“ инстаграм филтри на егзотични локации и децата во раце. Понекогаш да бидеш секси едноставно може да биде фотографија од Вас како чистите по дома. Со ова ќе покажете позитивен пример за сопруг кој помага во домашните работи и кој може гордо да покаже како изгледа чист дом. Кога ќе размислите, ова ѝ дава целосно ново значење на изреката „зборувај ми валкано“, зарем не!?“, се пошегува Кори.
Ваквото свое искуство Кори одлучил да го сподели со светот и неговите фотографии од новото „секси“ вирално се раширија на интернет. Погледнете во прилог како тоа би изгледало.