Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски се повлекле од учество во платформата „За Македонија со љубов“, а причина за тоа биле критиките во јавноста, изјави денеска Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, на прес-конференцијата посветена на – 100 Влада.
Платформата ја креираше вицепремиерот Битиќи, за разговор со консултанти а не со платени советници, а целта е да се соберат информации од поголема група граѓани, што потоа ќе се имплементираат при создавањето на национална економска стратегија.
„Голем дел овде се луѓе и од опозицијата, двајцата споменати се повлекоа под критики на јавноста. Сакам да ги потврдам принципите. Често разговарам и јас со Мицкоски, за кој мислам дека е подеднакво инволвиран, виновен во глупости од тој период 2006 до 2016 година. Но, седнуваме и разговараме на вакви теми. Тоа не значи дека некој е член на Влада, учествува во советник во кабинет на некој министер, потпретседател на Влада или слично. Но, затоа сме транспарентна Влада, веднаш реагираме и така соодветно реагираше потпретседателот на Владата, Битиќи“, изјави Заев.