Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните неофицијални резултати од Предвремените локални избори за градоначалник во Штип и Пласница.
За Штип од обработените 10.110 гласачки ливчиња, води Сашко Николов од СДСМ со освоени 2616 гласови или 80% од гласовите, следи Симон Поликарп – Џими од ИНТЕГРА со освоени 280 гласови или 9%, има дури 190 неважечки ливчиња, по што со 71 глас е Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, 68 гласови освоил независниот кандидат Трајчо Митев и Лазар Наумов од ТМРО со 47 гласови.
Обработката е во тек и со доставувањето на електронските записници се менува и состојбата.
СДСМ веќе прогласи победа на Сашко Николов.