Јорданов од ВМРО ДПМНЕ:Мафијашки избори платени со двеста евра по глас – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/20 8:40 PM

Јорданов од ВМРО ДПМНЕ:Мафијашки избори платени со двеста евра по глас

За туртура, мафијашки избори платени со пари, обвини координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов, по завршувањето на гласањето на Предвремените локални избори.

-Вадеа луѓе болни од корона, без никакви пртоколи. Се истураа со пари за глас повеќе, а цената за глас достигнуваше над двеста евра. Се правеа притисоци,  закани и уцени, само за да ја зачуваат градоначалничката фотеља. Цела држава ја кренаа на нозе за само еден градоначалник и извојуваа пирова победа, која денес штипјани скапо ја плаќаат со своето здравје, изјави Јорданов.

Тој потсети на разликата во гласови во изборните циклуси, според кои над 24.000 излегле на Предвремените парламентарни избори во 2019 година, додека на Локалните избори во 2017 година, над 29.000 гласачи. Како што рече, одговорот на граѓаните ќе го видат по осум месеци.

ВМРО ДПМНЕ не учествуваше на овие избори.