Приоритет на новиот градоначалник на општина Пласница Алија Јаоски, како што изјави вечерва по завршување на гласањето на предвремените локални избори ќе биде инфраструктурата и вработувањето на граѓаните за да не заминат во европските земји. Тој изрази благодарсност до граѓаните што во време кога се справуваме со пандемија, излегле да гласаат.
“Време е да не посетите на овие предвремени локални избори, да им се заблагодарам на гласачите што најдоа можност и начин во овој период кога се соочуваме со Ковид 19, излегоа масовно гласаа на овие избори и го дадоа гласот за вистински човек. Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно и поштено. Ќе продолжам каде што застана претходниот градоначалник, ќе продолжам да ги дореализирам проектите за овие 10 месеци. Им се заблагодарувам на сите гласачи што ме гласа и не гласаа, за сите граѓани ќе бидам градоначалник подеднакво. Ќе работам 24 часа во општина Пласница. Приоритетот ќе биде инфраструктурата и вработувањето на граѓаните, д ане одат во европските земји“, изјави новиот градоначалник на општина Пласница Алија Јаоски.