Вчера во затворот во Шутка осуденик на 36 годишна возраст бил нападнат од четири лица, ваквиот настан го пријавил вработен во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“.
„Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, С. И., вработен во Казнено поправна установа „Затвор Скопје” пријавил дека околу 14:30 часот во Казнено поправна установа„Затвор Скопје”, осуденикот З. П. (36) бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во денешниот билтен на МВР.