Подгответе слатка новогодишна елка со крем и прав шеќер – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/20 12:35 PM

Подгответе слатка новогодишна елка со крем и прав шеќер

Навистина интернетот може да биде забавен и да ни даде толку многу информации за секакви работи на пример различни рецепти.

Единствено што ни треба е да поминеме многу време во пребарување и читање на таа содржина. Друг важен предуслов е да сакаме да готвиме и сме отворени за други начини на подготовка на храна, избор на храна, нивно комбинирање, желба да пробаме нешто ново и пред сè да има смисла да препознаеме нечија лесна употреба во кујната и креативноста што луѓето ги покажуваат.

Бидејќи празниците се пред нас, еве една од оние креативни идеи што ги видовме на Pinterest и веднаш ги испробавме па може да се обидете и вие.

Потребно:

*едно пакување лиснато тесто (две парчиња внатре во пакувањето)

*150 гр нутела

*шеќер во прав

*жолчка

Начин на подготовка:

*Расукајте две парчиња одмрзнато лиснато тесто со сукало во правоаголна форма.

*Исечете  облик на елка со нож, премачкајте го првиот слој од тестото на целата површина со нутела.

*Сега ставете го другиот дел од тестото над тој слој, а потоа исечете го вишокот.

Сега, кога имаме елка во едно парче, треба да исечеме ленти широки околу 1 см, од дното кон горниот дел, симетрично од двете страни, треба да се погрижиме да остане тесто со ширина од 1,5 см во средината.

Кога лентите ќе се исечат, треба да се извртат, така што да бидат видливи деловите од тестото набраздени со чоколаден крем.

Од остатокот од тестото исечете ѕвезда за на врвот на елката.

Кога ќе завршиме со извртување и кога ќе ја поставиме ѕвездата на елката, премачкуваме по целото тесто со изматена жолчка од јајце. Печете на 30 минути на 180С.

Најлесно е да го ставите тестото на хартија за печење, и да работите на него.

Кога ќе се испече тестото, посипете со шеќер во прав, послужете топло.

Преземено од: https://www.danas.rs/