Денеска и утре облачно и ветровито – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/20 10:00 AM

Денеска и утре облачно и ветровито

Претежно облачно за денеска најавуваат метеоролозите, во источните делови со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, информираат од УХМР.

Утре ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со засилен северен ветер. Потоа следува период на стабилно време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за магла по котлините.