Во Штип гласањето се одвива без проблеми – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/20 9:27 AM

Во Штип гласањето се одвива без проблеми

Во Штип се отворени сите гласачки места за изборите за градоначалник на Општината и гласањето се одвива без проблеми, информираше за МИА, претседателката на штипската Општинска изборна комисија (ОИК), Сенка Андреева.

– Избирачките места пред да се отворат беа дезинфецирани и од 7 часот граѓаните можат да гласаат на своите избирачки места, вели Андреева.

Таа додадав дека во моментов ги собираат податоците за излезноста на гласачките места до 9 часот.

Во Штип вкупниот број на гласачи е 41.777,  а се гласа на 77 избирачки места.  Изборите за градоначалник на Општина Штип , за да бидат успешни потребно е во текот на денешниот ден да гласаат една третина од запишаните избирачи или своето право на глас да го остварат 13.996 граѓани.

Изминатите два дена гласаа ковид болните, лицата во изолација, болните, немочни, осудените лица и станари на геријатриски домови. Штипјани можат да избират еден од петмината кандидатите.

МИА