Од вчеравечер, Прилеп ги отвори вратите за љубителите на ладното пиво и вкусната скара. Прогласувајќи го годинешното 16-то издание на „Пивофест” за отворено, градоначалникот Илија Јованоски рече дека прилепчани се познати како добри домаќини, што гарантира дека во следните четири денови, посетителите на „Пивофест 2018″ ќе имаат незаборавно дружење и забава.
Првата фестивалска вечер ја отвори Бени Нонстоп, а до 2 часот по полноќ публиката уживаше во настапите на Тони Зен, Дани и Кирил Џајковски.
Во прекрасни временски услови и без никакви нарушувања на јавниот ред и мир помина првата фестивалска вечер, а следни на програмата се Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и Mossel.
Вообичаената пракса за влез во градот за „Пивофест“ која чинеше 100 денари годинава е укината.