Прилепчанка купила пиштол од штипјанец за 300 евра за препродавање – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/20 4:40 PM

Прилепчанка купила пиштол од штипјанец за 300 евра за препродавање

Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против А.Д.(51) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавила, поседувала и носела огнено оружје пиштол, со намера истото да го препродаде, со што сторила кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.

На 09.12.2020 околу 13,00 часот по претходно добиени сознанија на бензинска пумпа на ул. „Александар Македонски“, полициски службеници извршиле легитимирање и претрес на пријавената, при што кај неа пронашле пиштол „црвена застава М88“ кал. 9 мм со една рамка со 5 куршуми и една празна рамка, по што пријавената појаснила дека пиштолот го купила од  лице од Штип за 300 евра, со намера да го препродаде.

Од извршеното вештачење на одземениот пиштол утврдено е дека истиот бил предмет на кривично дело, односно е пријавен за украден.