Епидемијата на вариола вера на подрачјето на Југославија беше совладана во рок од два месеца, а само неколку седмици беа потребни здравствените работници да вакцинираат 18 милиони луѓе. Епидемијата заврши со вкупно 175 заразени и 35 починати во СФРЈ.
Беше тоа последната епидемиј во последниот половина век на овие подрачја пред појавувањето на коронавирусот. Беше посмртоносна и потешка од короната, но со една многу важна разлика – заболените беа најзаразни по појавувањео на првите симптоми, па заразата полесно се детектирала и контролирала, пишува „24 сата.хр“.
Освен тоа, се објавуваа имињата на заразените, како и личните податоци на тие што бегаат од карантин. И тогашните медиуми, слично како денес, секојдневно објавуваа најнови податоци за епидемијата. Така, „Вечерњи лист“ на 23 март 1972 година објави: „Почна вакцинирањето“, а веќе на 4 април стави наслов:„За неколку седмци големите сипаници ќе бидат совладани“. И беа.
Додека траеше заразата, не можеше од земјата да се излегува без таканаречениот жолт картон.
Инаку, првиот случај на вариола вера беше забележан во селото Дамјане кај Ѓаковица, на Косово. Ибрахим Хоти го донесе вирусот во Југославија по враќањето од Ирак. Преживеа поблаг облик на вариола вера, но ненамерно ја пренесе заразата. Во првите денови за епидемијата се молчеше, а по објавата за ширење на опасниот вирус, беше ограничено движењето на луѓето, се воведоа карантини, а масовното вакцинирање се организираше во најкраток рок.
Вариола вера е многу заразна и опасна болест, а смртноста е и до 30 отсто.