Најмалку 54 лица, меѓу кои 28 цивили, денеска загинаа во воздушен напад во област под контрола на Исламска држава во источниот дел на Сирија – соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.
Меѓу загинатите има и борци на Исламска држава. Погодената област е на неколку километри од границата со Ирак.
Директорот на Опсерваторијата, Рами Абдулрахман изјави дека меѓу загинатите цивили повеќето се Ирачани.
Опсерваторија информира дека во воздушните напади е погодена фабрика за мраз, која десетина семејства ја користеле како засолниште во близина на селото Багуз, на неколку километри од границата со Ирак.