Направете сами таблети за миење садови: Потребни ви се само три состојки! – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/20 9:09 PM

Направете сами таблети за миење садови: Потребни ви се само три состојки!

Дали ве нервира количината на пари што постојано ја давате за таблети за машината за садови? Постои начин да заштедите и со неколку состојки да направите свои таблети.

Се’ што ви е потребно, се следните состојки:

Шолја сода бикарбона

Четвртина шолја лимонска киселина

Лажичка средство за миење садови

Сето ова добро измешајте го и смесата ставете ја во мали силиконски калапи.  Оставете да отстојат во фрижидер минимум четири часа или уште подобро, цела ноќ.

Оваа смеса е доволна отприлика за 17 таблети, но може да направите и двојна доза доколку имате повеќе калапи. Ова ќе ве чини многу помалку од она што го плаќате во продавница и ќе видите дека со текот на времето ќе може да заштедите.

 

Извор:  informer.rs