Мафините со портокали и ореви би можеле да бидат совршен десерт во овие есенски денови. Рецептот е едноставен, а вкусот извонреден.
За да ги приготвите, потребни ви се следните состојки:
130 гр брашно
Изрендана кора од два портокала
Сок од еден портокал
130 грама шеќер
1 ванилен шеќер
1 јајце
120 грама путер
1 дл кисела павлака
50 грама исечкани ореви
1 лажичка прашок за печиво
Подготовка:
Изматете ги шеќер, ванилениот шеќер и путерот, откако претходно ќе го омекнете. Додајте ги јајцето и киселата павлака, па матете и понатаму.
Измешајте го брашното со прашокот за печиво и додадете ги во претходно подготвената смеса. Продолжете да мешате со дрвена лажица.
На крај додадете ги оревите, сокот од портокали и кората, па добро соединете ги состојките.
Смесата поделете ја во калапи за мали мафини.
Печете во рерна загреана на 180 степени околу дваесет минути.
На здравје!
Извор: stil.kurir.rs