Се’ за храна: Потурен колач по арапски рецепт – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/18 11:39 AM

Се’ за храна: Потурен колач по арапски рецепт

Постапката за подготовката на овој колач воопшто не е компицирана и потсетува на нашите потурени кексови. Вреди да се проба.

Состојки:

За тесто:

  • 180 г гриз
  • 220 г шеќер
  • 120 г кокос
  • 1 јајце
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • 125 г путер
  • 200 мл јогурт

За фил:

  • 500 мл слатка павлака
  • 2 лажици густин
  • 1 лажичка ванилин шеќер

За шербет:

  • 300 мл вода
  • 150-200 г шеќер

Подготовка:

  1. Најпрво се подготвува шербетот. Водата и шеќерот се варат, додека шеќерот се растопи. Вака подготвениот шербет се трга од оган и се остава да се излади во целост.
  2. Потоа се подготвува смесата за тесто. Путерот се топи и се додава во длабок сад во кој се додаваат и сите останати состојки. Се меша со силиконска лажица додека се добие хомогена смеса.
  3. На крај се подготвува филот. Слатката павлака, густинот и ванилиниот шеќер се додаваат во огноотпорен сад и се варат со постојано мешање неколку минути или додека течноста се згусти.
  4. Калапот за печење ( 20*30 см) се премачкува со путер. Во намрсениот калап се додава половина од смесата за тесто и се измазнува со лажица.
  5. Во втората половина од смесата за тесто се додава претходно подготвениот фил и се меша додека убаво се соединат.
  6. Мешавината од филот и смесата за тесто се додава во калапот врз првата половина од смесата.
  7. Вака подготвениот колач се печи во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути или додека колачот добие убава златна боја.
  8. Откако колачот ќе се испечи, се вади од рерна и се прелива постепено со ладниот шербет. Се остава да се излади и се украсува со кокос.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска,slatkitajni.com

 

Преземено од:sezahrana