Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември на 60-годишна возраст, но апсолутно никој на светот не го забележува овој датум како ден кога Марадона го одиграл последниот танц и се „одјавил“.
Напротив, од ден на ден неговиот живот и дело стануваат сè поголеми. Марадона сè уште го има на најавните шпици, на насловните страници, на фудбалските терени низ светот, во црквите, во животите на луѓето. Марадона е тема на разговор и во Етиопија и во Македонија.
Доволен показател за големината и за името кое ја надрасна самата игра.
Aргентинскиот „ТyC Sports“ на социјалната мрежа „Твитер“ објави срцепарателно видео и се прости за последен пат од легендата. Последен пат…до следниот, бидејќи додека постои фудбалот ќе постои и славењето на најголемиот воопшто.
Un último adiós. (Subí el volumen 🔊) pic.twitter.com/1HNBxdLtkI
— TyC Sports (@TyCSports) December 10, 2020