(Видео) Оркестар од 50 виолини ја свиреа „Недела“ крај неговиот гроб- Погребан пејачот Џеј Рамадановски – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/20 3:28 PM

(Видео) Оркестар од 50 виолини ја свиреа „Недела“ крај неговиот гроб- Погребан пејачот Џеј Рамадановски

Денес на  белградските нови гробишта, во Алејата на заслужни граѓани е погребан пејачот Џеј Рамадановски, кој пред неколку дена почина од срцев удар. Џеј беше погребан по муслимански обичаи.

Цеца, Марија Шерифовиќ, Кеба.., се само дел од колегите кои присуствуваа на последното испраѓање на Џеј, кој зад себе остави незаборавни хитови, кои уште долго ќе се пеат.

Џеј беше погребан со оркестар од 50 виолини кои ја свиреа „Недела“, а со тоа беше исполнета и неговата последна желба.

Фото: nova.rs/alo.rs/kurir.rs