„Ти си мојата исконска пријателка“- Малума и додели награда на Џеј Ло – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/20 4:16 PM

„Ти си мојата исконска пријателка“- Малума и додели награда на Џеј Ло

Со едноставен бел џемпер, без накит и со стилски прибрана коса, Џенифер Лопез беше вистински пример за елегантна дама кога и беше доделена наградата од Билборд за Музичка икона на годината.

Задачата да ѝ ја додели наградата ја имаше Малума со кого Џенифер соработуваше константно во последните неколку месеци. Направија дует, снимија две скокотливи музички видеа, па дури подготуваат и заеднички филм,  а сега нејзиниот верен соработник ја прогласи и за Музичка икона на годината.

Малума спремил цел говор посветен на Џенифер, па ѝ порача: „Џенифер, светот ѝ се воодушевува на твојата страст, упорност и истрајност во музиката и музичките перформанси, сите знаеме дека тоа воопшто не е лесно, но ти правиш да изгледа лесно. Не само што си исконска пејачка, актерка и бизнис – жена, туку ти си и мојата иконска пријателка’.

По говорот на Малума, Џенифер имаше шанса да се обрати со својот говор. Најпрвин се заблагодари за сите нејзини соработници, потоа се заблагодари на своето семејство за безусловната поддршка и за слободата што и ја дале за да биде артистот во кој има прераснато денес, а на крај се заблагодари на сите свои фанови.

Обраќањето на двете музички ѕвезди погледнете го во прилог.