Во Албанија и синоќа продолжија протестите поради смртта на 25-годишното машко лице откако беше повредено во текот на полициска потрага, јавува aгенцијата Анадолија (АА).
Протестите продолжија во Тирана, но и во неколку други градови во земјата, меѓу кои во Корча, Берата, Лежа, додека премиерот на Албанија Еди Рама објави дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај поднесе оставка поради убиство на младото лице.
Граѓани, вклучувајќи активисти од цивилното општество, под слоганот „Без правда, нема мир”, вечерашниот протест пред седиштето на Министерството за внатрешни работи во Тирана го започнаа со фрлање камења и други предмети во правец на полициските сили.
Потоа протестот е продолжен пред седиштето на премиерот на Албанија на Булеварот „Народни херои”, каде полицијата употреби солзавец и вода кон демонстрантите, откако се судрија со полициските сили. Неколку полицајци и граѓани се повредени, а полицијата задржа неколку демонстранти.
Граѓаните, исто така, протестираа пред Собранието на Албанија и во некои други зони во Тирана, предизвикуваќи материјална штета на зградите од институциите и другите објекти, оштетувајќи го декорот поставен за новогодишните празници и палејќи ги корпите за отпад.
По повод смртта на 25-годишниот Клодиан Раша во Тирана, реагираа политичките партии, активисти од цивилниот сектор и граѓаните, кои и вечерва продолжија да протестираат.
Настанот во кој 25-годишното лице почина се случи околу 01:45 часот на 8 декември во Тирана, се совпаѓа со времето на ограничувањето на движењето на граѓаните, а исто така беше уапсен и полицаец.
Според официјалното соопштение од Службата за внатрешни работи и жалби при Министерството за внатрешни работи на Албанија, по повикот на полицијата да запре, младото лице не го послушал повикот на полицаецот и се обидело да избега од полицијата, поради што полицијата започнала потрага по него. Како што се наведува, полициските службеници откриле дека лицето со себе носело огнено оружје.
Еден од полицајците, откако не успеал да го фати лицето, кон него отворил оган со службено оружје, при што 25-годишникот бил повреден, а потоа го загубил животот во болница.
Службата за внатрешни работи и жалби проценува дека постапките на полицискиот службеник се во спротивност со стандардните процедури за употреба на огнено оружје, а во меѓувреме полицаецот е приведен.
Настанот предизвика реакции кај политичките партии, активистите од граѓанското општество и граѓаните, кои предупредуваат на продолжување на протестите.