Време: И денес врнежливо, стабилизација од вторник – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/20 7:05 AM

Време: И денес врнежливо, стабилизација од вторник

Денес претпладне по котлините со појава на магла. Преку денот променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 13 степени.

И во следните денови, според УХМР, ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. В понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.