Овошјето е здраво и важно е да го јадеме секојдневно бидејќи на овој начин се зајакнува имунитетот. Како особено здраво овошје се истакнува баната која е полна со витамини. Доколку секој ден јадете по една банана, значително ќе може да се подобри општата состојба на организмот. Секако дека не треба и да се претерува, но се препорачува дневно да се јаде една до две банани.
Кои се придобивките од тоа?
Му помагате на дигестивниот систем
Бананите меѓу другото, содржат отпорен или резистентен скроб кој ги храни цревните бактерии и ја одржува цревната микробиота. Така помага во одржување на здравјето на дигестивниот систем.
Придонесува за губење на тежината
Бидејќи се богати со протеини и растителни влакна, бананите ќе ве заситат и ќе ви помогнат да имате чувство на ситост подолго време.
Помага при проблеми со кожата
Благодарение на витамините и минералите во бананите кои го зголемуваат нивото на колаген, бананата може да биде добра за вас ако имате проблеми со кожата, без разлика дали станува збор за брчки, акни или сува кожа.
Ја зголемува енергијата
Ако јадете банана пред или после вежбање, тоа е одлична алатка за зајакнување на енергијата. Истражувањето спроведено на велосипедисти покажало дека бананата им носи повеќе придобивки за време на маратонските трки отколку на пример, енергетските пијалоци.
Бананата е богата со калиум кој е добар за срцето
Познат е фактот дека бананите се богати со калиум, но дали знаете дека е добра за срцето? Повеќето луѓе не внесуваат доволно калиум дневно во своето тело, што понекогаш влијае на крвниот притисок и здравјето воопшто.
Исто така, носи придобивки за видот
Националниот институт за здравство наведува дека бананите содржат витамин А кој ги штити очите, одржува нормален вид и го подобрува ноќниот вид. Затоа, тоа е уште една придобивка од ова овошје – пренесува Eat This.
Извор: hr.n1info.com