Елен Деџенерис позитивна на ковид-19: Јавно упати порака до своите обожаватели – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/20 10:14 PM

Елен Деџенерис позитивна на ковид-19: Јавно упати порака до своите обожаватели

Светски познатата водителка, Елен Деџенерис обелодени дека е позитивна на коронавирусот. Таа се обрати до своите обожаватели преку социјалните медиуми и ги извести сите со кои имала близок контакт.

Поздрав до сите, сакам да ве известам дека сум позитивна на ковид-19. За среќа, во моментот се чувствувам добро. Секој што бил во близок контакт со мене е известен и јас ги следам сите насоки. Ве молам, бидете здрави и безбедни – напиша Елен на Твитер.

Неодамна, таа беше во центарот на вниманието на јавноста, откако голем број продуценти ја обвинија за злоставување на работното место. Поранешна продуцентка изјави дека „културата на страв“ била присутна уште од самите почетоци. Некои од славните личности сепак застанаа на страната на Елен, иако скандалот не се однесуваше на нејзиниот однос кон гостите туку кон начинот на кој таа ги третирала вработените.

 

Извор:  kurir.rs