Клиперси на „макс“ го врзуваат Пол Џорџ – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/20 8:47 PM

Клиперси на „макс“ го врзуваат Пол Џорџ

Лос Анџелес Клиперс ја продолжува верноста со својата „втора ѕвезда“, Пол Џорџ, во следните пет години.

Џорџ ќе добие од Клиперси максимален договор и ќе заработи 226 милиони долари до истекот на договорот, изјави неговиот агент Арон Минтз, за „ESPN“. На 35.4-те милиони долари предвидени за оваа сезона, Џорџ ќе добие дополнителни 190 милиони долари по оваа екстензија.

Клиперси по заминувањето на Монтрез Херел имаат простор за задржување на најдобрите играчи, а останувањето на Џорџ ќе значи апсолутна поддршка и за новиот тренер и за Кавај Ленард и неговата амбициза за нова шампионска титула во НБА.

Во ланската, Клиперси отпаднаа во полуфиналето на западот од екипата на Денвер Нагетс и неверојатните Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

 

 

Фото:

basketballforever.com