Ќе се поедностави процедурата за добивање дозвола за ловечко оружје – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/20 4:46 PM

Ќе се поедностави процедурата за добивање дозвола за ловечко оружје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претставниците на ловечката федерација денеска одржале средба на која зборувале за измена на законот за оружје, со цел да се поедностави постапката за стекнување право за добивање ловечко оружје.

-Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи ОливерСпасовски и претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски и заменик претседателот на федерацијата, Марјан Даскаловски. Министерот Спасовски и претставниците на ловечката федерација, изразија добра волја за олеснување на процедурата за добивање дозвола за ловечко оружје, како и продлабочување на соработката и решавање на сите предизвици и проблеми и во наредниот период, наведуваат од МВР.