Лица кои страдаат од алергии можат да примат руска вакцина против вирусот корона „Спутник В“, но не во фаза кога ќе се манифестира болеста, изјави директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинзбург.
Според експертите, луѓето кои хронично страдаат од алергии пред вакцинацијата, треба да направат анализа на одредени крвни параметри – Ц-реактивен протеин и нивото на имуноглобулин од класа Е.
– Ако тие два индикатори се во границите на нормалните вредности, тогаш тие дефинитивно треба да се вакцинираат, така што луѓето со алергиски болести ќе можат да се вакцинираат – рече Гинзбург.
Вакцината „Спутник В“ произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот. Вакцината се базира на проучена и тестирана платформа на аденовирусни вектори кај луѓето, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.