Секогаш се молев на Св.Петка и палев свеќи- Џеј ќе биде погребан по муслимански обичаи, но со икона на светицата – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/20 3:21 PM

Секогаш се молев на Св.Петка и палев свеќи- Џеј ќе биде погребан по муслимански обичаи, но со икона на светицата

Пејачот Џеј Рамадановски, кој почина во неделата на 56-годишна возраст како резултат на срцев удар, ќе биде погребан во петок во Алејата на заслужни граѓани според муслиманските обичаи, а според извештаите во медиумите, со иконата Света Петка, на која најмногу се молел и почитувал.

Пејачот секогаш потенцираше колку му значи Света Петка и редовно ја посетувал капелата, која е посветена на неа, како и црквата  на Калемегдан, иако беше од муслиманска вероисповед.

„Тој беше многу побожен, со себе секогаш ја носеше иконата на Света Петка и секогаш кога ќе направеше нешто глупаво, тој ќе ја погледнеше иконата и ќе се извинеше“, откри за медиумите Вања Булиќ.

Во далечната 1995 година, Џеј зборувал јавно во медиумите за неговата врска со Света Петка и за тоа што оваа светителка му претставува во животот.

– Секој ја знае таа приказна. Сега избегнувам да го правам тоа, затоа што сега правам некои чесни работи, нормални работи. Го правев тоа пред да започнам да патувам. Нема шанси да одам на пат без да запалам свеќа. Тргнав еднаш и заборавив, па се вратив од автопатот кон црквата Св. Петка и озапалив свеќа. Некако сум сигурен тогаш. Св. Петка на некој начин е „светица на крадците“. Сите веруваме во неа, таа нè штити. Мислам дека не ги штити криминалците и насилниците, но секој човек мора да живее, па сега, ако успее малку да се снајде отстрана, ова-она, тоа е, – истакнал со насмевка покојниот пејач.

Извор: kurir.rs