Гугл (Google) ја направи најверојатно најсовршената претстава за оваа година која многу од нас посакуваат да не се повтори.
Во три минутното видео ги споделија најчесто поставуваните прашања, како: Зошто вирусот се вика Ковид-19? Зошто е важно да се биде солидарен? Зошто е важна демократијата? Што значи „Black Lives Matter“?
Луѓето поставувале прашања и за најосновните проблематики оваа година (Зошто се укинати сите летови? Зошто небото е портокалово? (однесувајќи се на пожарите); Зошто луѓето протестираат?), па дури и оние по малку бизарните (Зошто снемува тоалетна хартија?).
Сите овие прашања се одраз на настаните кои ја кренаа на нозе светската популација и кои ни ги превртеа животите наопаку.
Покрај бројните пребарувани прашања, во видеото се прикажани и сцени од најболните моменти од оваа година. Прикажани се сцени од моментите кога жалевме за прераната смрт на Коби, но и моменти од големите пожари кои зафатија неколу предели и секако болните емотивни моменти од животите на луѓето кои беа разделени или ги изгубија своите сакани поради пандемијата.
За трошка надеж и мисла за подобра 2021ва, во дел од видеото има и сцени од среќни моменти на луѓето кои исто така вирално се раширија на интернет.
Совршеното сумирање на Гугл на годинава која изминува можете да го погледнете во приложеното видео.