Со свиленкаста структура и интензивен вкус, чорбата од карфиол и праз би можела да ви донесе вистинско уживање во овие есенски денови. Доколку додадете и павлака, ќе добиете прекрасна киселкаста нота.
Состојките што ви се потребни за ова јадење се следни:
2 лажички масло
Праз (белиот и светлиот дел од литовите, 220-240 грама)
1/3 средна големина корен од целер (120-140 грама)
Карфиол средна величина (900-900 грама или 600-700 грама исчистен)
Лажичка сол
8 dl – 1 l вода или пилешки бујон
200 грама кисела павлака
Црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
Измијте го и исечкајте го празот на покрупни парчиња. Исчистете го и коренот од целер и исечкајте го на ситни коцки. Ставете ја водата или бујонот да зоврие на рингла.
Понатаму, додајте го маслото во тенџерето и вклучете ја ринглата на тивок оган. Додадете ги празот и солта и пржете десетина минути со повремено мешање, додека празот не омекне. Во меѓувреме, измијте го карфиолот, отстранете ги надворешните листови и цврстиот дел од коренот. Додајте го целерот и измешајте.
Додадете го и карфиолот, заедно со лажичка сол и истурете ја водата што врие. Во тенџерето нека останат околу 8 dl или доволно вода за да не се покрива карфиолот, бидејќи така полесно ќе се изблендира и ќе добиете поубава густина.
По потреба, густината можете да ја прилагодите и по блендирањето.
Извор: stil.kurir.rs