Ново научно откритие за улогата на витаминот Ц во борбата со ковид-19: Им помага и на оние со тешка клиничка слика – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 9:10 PM

Ново научно откритие за улогата на витаминот Ц во борбата со ковид-19: Им помага и на оние со тешка клиничка слика

Ново откритие за ефикасноста на витаминот Ц покажува дека тој сепак нуди моќна заштита против коронавирусот.  Ова откритие на научниците е објавено во списанието Nutrients today каде се истакнува дека витаминот Ц може да им го спаси животот и на оние кои имаат благи симптоми на вирусот, но и на пациентите со потешка клиничка слика. Истражувачите откриле дека потешко заболените пациенти имаат ниско ниво на витамин Ц, па така дошле до сознание дека високите дози на овој витамин во некои ситуации можат да бидат поефикасни од стероидите.

Заклучоците се засноваат на резултатите од повеќе од сто студии кои покажале дека витаминот Ц може да ја намали стапката на смртност кај пациентите на одделенијата за интензивна нега, и тоа за 68 проценти. Витаминот Ц е потребен за намалување на бројот на смртни случаи и времето поминато на респиратор.

„Кога ќе добиете сериозна инфекција, вашето тело го троши витаминот Ц многу побрзо за да може да го поддржи имунолошкиот систем. Тоа е така затоа што луѓето не можат да го произведат овој витамин“, објаснува д-р Анитра Чар од Нов Зеланд.

Наодите на истражувачите се поткрепа на студиите според кои, повеќето пациенти со ковид во одделенијата за интензивна нега имале ниско ниво на овој витамин.

„Тоа не може баш лесно да се открие. Можеме да предвидиме колкава е веројатноста за преживување на пациентот според нивото на витамин Ц“, вели професорот Пол Марик од Вирџинија.

Тој додава дека ни се потребни големи дози од овој витамин во комбинација со стероиди и антикоагулантни лекови, како и тоа дека „рецептот“ кој ќе ја намали стапката на смртност меѓу заболените од ковид-19.

 

Извор:         telegraf.rs