Децата најдобро го поднесуваат коронавирусот, тврди д-р Оливера Остојиќ. Според докторката која е педијатар, во моментот во Клиничкиот болнички центар д-р Драгиша Мишовиќ Дедиње во Белград лежат 24 деца, а во последно време пристигнуваат се’ повеќе бебиња со симптоми на вирусот.
Немаме тешки клинички слики. Кај нас во црвената зона, има голем проток, но сите се добро. Возраста е шаренолика, последната недела имаме најмали деца, до месец дена. Тоа се деца кои доаѓаат од позитивни средини, покажуваат знаци на респираторна инфекција, имаат температура и малаксаност, раздразливост. Тие се лечат по протоколи и се добро – вели докторката која раководи со Детската клиника при КБЦ Драгиша Мишовиќ Дедиње.
Како се работи за бебе, како да се однесуваат родителите, на што да обрнат вниманието особено ако во семејството има позитивно лице?
Прашањето е дали овие бебиња навистина имаат симптоми или само се преносители. Можеби имаат и некоја друга респираторна инфекција. На родителите на бебињата би им препорачале да дојдат на преглед ако имаат дома позитивно лице и доколку бебето има симтоми. По прегледот ќе определиме дали е потребно болничко лекување. Прегледите прво се прават во центрите за јавно здравје, но родителите секогаш реагираат на знаците на болеста па немаме многу случаи кога родителите не се консултираат со лекар – додаде таа.
Фото: Илустрација/Freepic
Извор: mondo.rs