Видео: Научник сликовито објасни како не’ штитат маските – снимката стана вирален хит – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 7:57 PM

Видео: Научник сликовито објасни како не’ штитат маските – снимката стана вирален хит

Научникот, Бил Нај на тикТок објави видео што за кратко време стана вирално. Имено, на снимката тој на необичен и интересен начин објаснува зошто е важно да носиме маски и како тие всушност функционираат. Видеото е прегледано повеќе од 14 милиони пати. Иако многумина се сомневаат дека маските штитат од коронавирусот, научниците уште од почетокот на пандемијата го тврдат спротивното.

„Постои и перцепција дека вирусот може да патува низ влакната на маската, како оваа топка. Значи, кога капката ќе влезе во влакната на маската, таа останува заробена таму. Не е толку тешко да се разбере. Затоа имаме правила за носење маски”, вели тој во видеото апелирајќи до сите да носат маски.

„Правилата сè уште постојат, дури и во слободните земји. Знаете какви се правилата. Плаќате даноци до крај, но возите само од едната страна“, додава научникот.

https://www.youtube.com/watch?v=xqI1i8cxQhM

 

Извор:  republika.rs