(ВИДЕО) Нагелсман незадоволен од судењето против Јунајтед, двата гола требало да бидат поништени – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 7:34 PM

(ВИДЕО) Нагелсман незадоволен од судењето против Јунајтед, двата гола требало да бидат поништени

Лајпциг и Нагелсман ги покажаа своите квалитети кога беше најпотребно. Незалудно Лајпциг во ланската кампања во Лигата на Шампионите стигна до полуфиналето и незалудно Лајпциг е можеби единствениот тим во Бундесот кој може да му парира на перфектната машинерија наречена Баерн Минхен.

Германците фуризоно го стартуваа натпреварот и веќе во 13-тата минута имаа водство од 2:0 над Манчестер Јунајтед. Само победа доаѓаше предвид за Лајпциг и само победа го носеше колективот од источна Германија во 1/8 финалето од ЛШ. Тие постигнаа погодок и за 3:0 во 30-тата минута, но по консултација со ВАР системот истиот беше поништен.

Во второто полувреме иста песна. Лајпциг напаѓаше и воопшто не калкулираше, иако во моментот имаше поволен резултат. Џастин Клајверт во 69-тата минута по додавањето на одличниот Кристофер Нкунку го промени резултатот на семафорот на 3:0. Последните десет минути од двобојот во Германија – драма. Стартот на Ибрахима Конате, шпанскиот арбитар Матео Лахоз го окарактеризираше како старт за удар од белата точка, а по погодокот на Бруно Фернандес две минути подоцна Конате немаше среќа и го совлада сопствениот голман.

Двата голови на Јунајтед за тренерот на Лајпциг, но и за останатиот фудбалски свет беа во најмала рака контроверзни, па затоа младиот тренер воопшто не воздржи со коментарите на чувствителната тема овие денови.

-На крајот, двата гола на Манчестер Јунајтед не беа исправни. Поради правилата, првиот гол не требаше да биде свирнат како пенал, дуелот беше сосема нормален, нема пенал. За вториот гол, мислам дека Хари Мегваер ја „турна“ топката со неговата рака и затоа не требаше тој гол да биде признаен, изјави Нагелсман.

Манчестер Јунајтед е првиот клуб кој постигнал два погодоци против Лајпциг на гостински терен после Борусија Дортмунд во јуни годинава.

 

 

 

 

 

Фото:

goal.com